На сите православни верници им го честитам денешниот празник

Успение на пресвета Богородица

YouTube Preview Image

Comments 5 Comments »

Не се работи за пијанство
за еманципација се работи ))

Comments No Comments »

За оние кои не ја  сакаат нејзината музика ))
Честит Велигден!

YouTube Preview Image

Comments 2 Comments »

… бродот кој живее во шишето,
колку и да му годи  полицата,
сличен е на зборот во врвот на моливот
кој постои а уште не се родил…

YouTube Preview Image

Љубовта има уште многу да работи.. ))

Comments 2 Comments »

Срекен празник на сите православни верници

За многу години да ни е

ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !

Comments 4 Comments »

Овие две фотографии веднаш по објавувањето ја обиколија земјината топка

На оваа се гледа налетот на првиот бран од Цунамито

Сега погледнете ја снимката кога бранот поминал

Дрвјата посадени покрај брегот навистина одолеаја на толкавата маса на вода и огромната кинетичка енергија која таа ја носи со себе.

Comments 28 Comments »

Сакавме да имаме се` како црква

Зарем тоа го нема рагањето и воскреснувањето

А некои го имаат во својата душа маринирано

И првиот поглед и првата брадавица сочна

Гледам нешто и на тротоарот

Толпа од слепци и слеп водач

Полумртви меса кои чекаат коски

Да се залепат со своите шеесет и еден посто маса

Мерка која пиљарот ја одредува на следните избори

Сакаме да имаме се` како црква

Јазикот ја изместил  десно и лево резбаната врата

Без да го сопре смрдливиот здив на речната мувла

Што ниту на генијалните деца не им смета

Да  станат новите штавачи на сирова кожа

Која лесно ќе им  ја продадaт на татковците тајкуни

И ништо.

Мртва сива ограда од  денови

Бубачките забрзано трчаат горе доле

Како да се делат катанци, ланци и понекоја

Вц шолја и понекое смрдливо стапало.

Насекаде набубани сојки и гаврани продаваат мрежи

Распните ги некаде на Халкидики, Голгота простува

Наши драги мили сандучари и писари и месари

Малце треба, само шеесет и еден посто

Сакаме да имаме се` како црква.

.

Comments 5 Comments »

Ден на автоматски пилот

Има ли патници во авионот ??

Comments 1 Comment »

Комерцијална Банка, Тутунска банка, Стопанска банка, Охридска банка, Тетекс банка, Ик банка, Про Кредит Банка…ај да не ги набрајам сите паразити ке има ли таква сила  која ке допре во нивните криминални работи или тие се чисти???

Ниту заработената плата  не можете да ја добиете а банката да не ви се замеша во вашиот доход. Замислите само штом  ке појдете во продавница да купите леб, млеко или било што и ја искористите вашата картица банката веднаш ке се вмеша и ке си земе дел зашто сте ја искористиле картицата.Ако подигнете готовина банката повторно ке се вмеша и ке ви земе дел зашто сте подигнале готовина.Банката е вмешана во секој денар до тој степен што не постои ниту еден денар што ќе се употреби а да таа не земе провизија (арач). Има отидено толку далеку што има направено закони да не смее ниту една трансакција да биде направена вон нејзина контрола во спротивно секој ке биде означен како криминалец, значи било што да продадете или да купите.Се претворија од помошен сервис на државата во тумор на државата.

Можеби се работи за квалитетна демократија ЈБга.

Comments 15 Comments »

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Да живее Македонија

Comments 17 Comments »